Семејна куќа – Куќа “БА”

Локација: Горно Соње, Сопиште
Година: 2023
Тип на објект: Станбен објект
Семејна куќа сместена во природно и мирно опкружување во Горно Соње. Дизајнот е чист и функционален, со јасни волумени и нагласена врска помеѓу ентериерот и надворешниот простор преку засенчена тераса. Куќата комбинира традиционален кров со современи отвори и минималистичка материјализација, создавајќи пријатен и топол амбиент за семејно живеење.